Блесок на Кипријановска, Самбр Авенуа триумфално против Сен Аман

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска игра во одлична форма на стартот на сезоната во францускиот шампионат.

Таа беше најдобар стрелец во нејзиниот тим Ле Самбр Авенуа, кој славеше на натпреварот против Сен Аман со 25-19.

Кипријановска постигна пет погодоци од пет обиди на овој дуел, кој беше решен уште по првиот дел кога домаќинките водеа со 14-7.

Сега следува пауза во женските шампионати низ Европа поради ЕХФ неделата, а Кипријановска ќе биде дел од македонската репрезентација на пријателските средби со Австрија.