Македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски, кој во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, имаше забележителна партија во дресот на Ваљадолид.
Во рамки од 2. коло од Асобал лигата, тимот на Ваљадолид гостуваше кај Нава и не успеа да дојде до првата сезонска победа, откако загуби со 38:33 (18:16).
Карапалевски одигра одлично на теренот и беше најдобар стрелец со пет постигнати погодоци, но и подели неколку асистенции кон своите клупски колеги.
Вториот ракометар од Македонија во редовите на Ваљадолид, Димитар Димитриоски, имаше три реализации.
Следен предизвик за Ваљадолид ќе биде натпреварот против Гвадалахара, која има една победа и еден пораз.