Екс репрезентативката на Норвешка, Аманда Куртовиќ, по пауза од речиси 16 месеци, конечно се врати на ракометните терени.
Искусната Куртовиќ, која со Бјасен и ЧСМ Букурешт има гостувано во Скопје против Металург, односно Вардар, најпрво паузираше поради бременост.
По породувањето, десниот бек се подготвуваше за камбек на терените, но се здоби со повреда на мускулот на потколеницата и мораше повторно да паузира.
Куртовиќ своето враќање го имаше на натпреварот меѓу Молде и Ларвик во рамки од норвешкиот шампионат.
Со своето големо искуство му помогна на некогашниот европски великан да дојде до победа од 37:28.