Полскиот вицепрвак Келце најверојатно до крајот на годината нема да може да смета на услугите на десниот бек Алекс Душебаев, кој во првото коло од Лигата на шампионите против Загреб заработи повреда.
Иако првичните информации од клубот беа дека шпанскиот репрезентативец има мала повреда на мускуло на потколеницатат, дополнителните лекарски прегледи покажале дека станува збор за посериозна повреда, па така денсиот бек го очекува подолга пауза, минимум од три месеци.
Келце до крајот од година треба да одигра уште осум натпревари од Лигата на шампионите, па тренерот Таланд Душебаев ќе мора да создава нова стратегија за ривалите. Надвор од терените ѐ и Македа, но неговиот камбек на терените би бил отприлика за една недела.
Келце во 3. коло од елитното натпреварување на свој терен ќе ја пречека Барселона, која во првите две кола беше подобра од Колштад, односно Висла Плоцк. Полскиот вицепрвак на два натпревари во ЛШ освои една победа, она против Загреб, а загуби од француски Нант.