Барса без десниот бек: Мем се повреди, ќе паузира неколку недели

Европскиот првак Барселона ќе мора да се снаоѓа без десниот бек Дика Мем во следните неколку недели.

Францускиот репрезентативец се повреди на натпреварот против ПИК Сегед од Лигата на шампионите, што Барса го доби со 31-30.

Тој го повреди десното рамо, а првичните информации од каталонскиот гигант се дека не се работи за сериозна повреда, но дека Мем ќе мора да паузира неколку недели.

Тоа значи дека Барселона ќе биде без десниот бек на натпреварите од Светското клупско првенство што ќе се игра во Египет од 27 септември.

Тренерот Ортега на десната бековска позиција го има Мелвин Ричардсон, таму понекогаш игра и Блаж Јанц, па ќе има повеќе опции во нападот.