На денешната ракометна програма нема да има многу натпревари, ќе се игра само во неколку шампионати.
Свој настап ќе има репрезентативецот на Македонија, Мартин Томовски, кој со тимот на Потсдам ќе бидат домаќини на некогашниот европски првак Хамбург.
Потсдам по две одиграни коло во Бундес лигата нема освоени бодови, па денешниот дуел ќе биде голема мотивација за Томовски и колегите.
Денеска ќе има и два натпревари од Европскиот Куп, ќе играат Меран – Диомидис, односно Дуделанж – Сасари.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 МЕРАН – ДИОМИДИС (ЕВРОПСКИ КУП)
18:30 ДУДЕЛАНЖ – САСАРИ (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 ЕРЛАНГЕН – ШТУТГАРТ (БУНДЕС)
20:00 МЛАДОСТ – ЈАГОДИНА (СРБИЈА)
20:00 ПОТСДАМ – ХАМБУРГ (БУНДЕС)
20:00 ШАРТ – СЕСОН (ФРАНЦИЈА)
20:00 НИМ – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)
20:30 СЕНТ РАФАЕЛ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)