Поранешниот лев бек на Еурофарм Пелистер, Себастијан Хенеберг, на крајот на оваа сезона ќе си замине од Фредериција.
Тој потпиша договор на три сезони, што ќе биде активен од следното лето и ќе го облече дресот на Скандеборг Архус.
Хенеберг беше меѓу најдобрите ракометари во шампионот Еурофарм Пелистер во сезоната кога битолчани ја освоија титулата во Македонија по 18 сезони пауза.
Сега ја одработува втората сезона од договорот со Фредериција, со која ќе биде гостин во Битола во рамките на Лигата на шампионите.
Претходно Хенеберг беше дел од норвешкиот Елверум, како и данските Бјерингбро Силкеборг и Алборг.