Душебаев оди на пауза – пропушта важни дуели

Полскиот вицепрвак Келце имаше победнички старт во Лигата на шампионите, откако на свој терен го совлада Загреб со 30:23.

Екс ракометарот на Вардар, Алекс Душебаев, во натпреварот со хрватскиот тим го одигра првиот дел, но го пропушти второто полувреме.

Според информациите на полските медиуми, искусниот Душебаев заработил повреда на мускулот и го очекува помала пауза.

Шпанскиот репрезентативец би паузирал шест до седум недели, а тоа значи дека ќе пропушти неколку важни натпревари.

Талант Душебаев нема да може да смета на неговиот постар син на натпреварите против Нант, Барселона и Магдебург во Лигата на шампионите, како и оној против Висла Плоцк во домашниот шампионат.

Надвор од терените ѐ и Македа, но неговиот камбек би бил отприлика за две недели. Келце во 2. коло од ЛШ ќе гостува во Франција кај Нант, кој во првото коло загуби од Алборг.