Мркиќ со нов предизвик – ќе игра во Израел

Македонската интернационалка Савица Мркиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Левиот бек потпиша договор со тимот на Хапоел Ришон Ле Зион и ќе настапува во израелскиот шампионат претстојната сезона.

Таа потекнува од Велес, во Македонија играше за Еуростандард ЃП, Кометал ЃП и Жито Прилеп, пред да започне со настапите во странство.

Беше дел од грчкиот Патрас, романскиот Муресул, шпанската Малага, Прогресо од Ангола, српскиот Бор, исландската Грота, германскиот Хановер…

Потоа играше три сезони во италијанските клубови Гереире, Понтинија и Ериче, а во 2021 година беше прогласена за најдобра странска ракометарка во Италија.

Следуваше една сезона во Стјорнан од Фарски Острови, а од ова лето ќе настапува во Израел.