Репрезентативецот на Фарски Острови, Оли Митун, беше „веќе виден“ во унгарскиот ПИК Сегед, сепак се наоѓа пред трансфер во бундеслигашот Магдебург.
Тој во моментов е член на шведскиот Савехоф, каде тренер му беше Микаел Апелгрин, кој сега го води ПИК Сегед, но има договор до 2026 година.
Според најавите на „RTHandball“, Магдебург сериозно „загризал“ за ангажман на 19-годишниот репрезентативец на Фарски Острови.
Тој беше МВП и најдобар стрелец на кадетското ЕП 2022, најдобар стрелец на кадетското СП 2023, и најдобар стрелец на младинското ЕП 2024, па јасно е зошто најдобрите европски екипи ќе се борат за него.
Покрај ПИК Сегед и Магдебург, нема сомнеж дека уште некоја екипа ќе влезе во трка за услугите на Митун.