Екипата на Рапид Букурешт, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, во второто коло od Лигата на шампионите ремизираше во Норвешкај кај Вајперс Кристијансад, 30:30.
Ристовска во дадената минутажа на теренот успеа да постигне три погодоци од четири обиди. Тимот на Ристовска во првото коло беше подобар од Будуќност, триумфираше со 32:27 и сега на табелата има три бода.
Освен натпреварот Вајперс – Рапид, денеска се одиграа уште три натпревари, во кои победа остварија екипите на Ференцварош, Мец и Крим Меркатор. Останатите натпревари се на утрешната програма.
Ференцварош на свој терен ја совлада Подравка со 33:24, Мец ја оствари првата сезонска победа со триумфот над Глорија Бузау од два гола разлика, 28:26, додека Крим немаше проблеми против Никобинг и дојде до триумф од 35:25.