Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер можеше да тактизира, да игра со половина од силите, и пак беше пресилен за Струга, која дома замина со „минус 17“ гола. Битолчани триумфираа со 37-20 (13-12) иако барем во првото полувреме гостите добро се држеа.
Само што почна вториот дел домашните ракометари многу посериозно ја сфатија работата. Струга последен пат намали на еден го, 16-15, а потоа лседуваше серија на Еурфарм Пелистер од 11-1 и откако поведоа со 27-16 веќе се беше решено.
Шанса да играат добија помладите, а во тимот имаше 14 ракометари. Дел добија малку однор со цел да бидат подготвени за следниот меч од Лигата на шампионите против Фуксе Берлин неделава. Домаќините настапија без Хосни, Пешевски, а кај гостите го намеше пивотменот Летиќ.
Кај домашните по 7 гол апостигнаа Нејц Цехте и Павле Атанасијевиќ, а еден помалку дадоа Самоил Ристевски и Урош Борзаш.
ТАБЕЛА