Вардар се израдува на првата победа сезонава во првенството откако триумфираше so 31-24 (16-14) против новакот Бисинов. За „црвено-црните“ ова беше меч во кој играа по принципот „падни-стани“ со добри моменти во играта, но и со „црни дупки“ во кои противникот доаѓаше на само гол предност. Квалитетот беше евидентно на страната на домаќините, ама мораа да се измачат за да победат.
Дури во вториот дел од второто полувреме беше целосно „скршен“ отпорот на гостите од Велес кога првпат „црвено-црните“ поведоа со „плус 7“ за 27-20. Но, текот на натпреварот покажуваше нешто друго. Вардар играше прменливо, на моменти слабо, а Бисинов имаше среќа да ги искористи сите свои шанси и постојано да му дише во врат на фаворитот.
Интересно беше во првиот дел каде Вардар имаше водство и од 12-6, и изгледаше дека се решени сите дилеми. Но, тогаш домашните одиграа лошо, неинвентивно, со грешки, а тоа го искористи Бисинов па стигнаа до 14-13 во 28 минута. Не беше Бисинов толку добра колку што Вардар играше лошо.
И почетокот на вториот дел навести можно „бегање“ на Вардар, кој имаше „плус 3“ за водство 21-18, и пак Бисинов намали на 21-20. Па следуваше период во кој Вардар запна и зголеми на 27-20 со што веќе беше решено кој ќе победи.
Стефан Петриќ со 7 гола беше најефикасен на ссредбата, а Милан Лазаревски даде 5 гола. Во екипата на Бисинов, Тоше Ончев постигна 6 гола.