Македонската репрезентативка Марија Тасевска во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Таа ќе настапува за тимот на Униреа Слобозиа, кој се натпреварува во Втората лига на Романија, а таму веќе игра една македонска репрезентативка.
Во Слобозиа, Тасевска ќе настапува заедно со средниот бек Ивана Арсениевска, па сигурно адаптацијата во новата средина ќе оди лесно.
Левото крило минатата сезона ја започна во српската Јагодина, а ја заврши во австрискиот Дорнбирн, каде што беше најзаслужна за камбекот на оваа екипа во елитната конкуренција.
Во Македонија, Тасевска настапуваше за Металург, додека на меѓународна сцена ги бранеше боите и на грчкиот ПАОК Солун.