Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ја стартува новата сезона во Лигата на шампионите со гостување кај моќниот ПСЖ.
Европската ракометна федерација ги објави составите што ги одредија двајцата тренери, Раул Гонзалес и Бранко Ангеловски.
ПСЖ почнува нова ера во ЛШ без легендарниот Никола Карабатиќ, а своето деби ќе го имаaт десниот бек Јахја Омар и средниот бек Дани Бајенс.
Тука се Лука Карабатиќ, Камил Шипжак, Андреас Паличка, Елохим Пранди, а ПСЖ ги нема на располагање Давид Балагер, Јаник Грин, Јакоб Холм…
Во составот на Еурофарм Пелистер ги нема Усама Хосни, Самоил Ристевски, Василије Печурица, Алем Хаџиќ, како и одамна повредениот Ненад Костески.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 20:45 часот во салата „Пјер Де Кубертен“.