Поранешниот член на Тиквеш, Лазар Петровиќ, кој во тимот од Кавадарци беше меѓу најдобрите стрелци, ќе има нов предизвик на интернационално ниво.
25-годишниот десен бек по авантурата во Кувајт, каде што настапуваше за тимот на Ал Салмија, потпиша за некогашниот учесник од ЛШ, финскиот Кокс.
Петровиќ потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на истиот, доколку двете страни бидат задоволни од соработката.
Србинот дел од својата кариера ја мина во редовите на Охрид, а го носеше дресот и на Раднички, Партизан, Црвена Ѕвезда, Локомотива Лапово и Ваберг од Шведска.
Кокс и во оваа сезона ќе се натпреварува на европска сцена, поточно во Европскиот Куп, во кој ќе стартува од второто коло, а за ривал го има тимот на Хаукар од Исланд.