Германскиот Фленсбург во Франција ја најде замената за легендарниот Јим Готфридсон, кој идното лето се сели во унгарскиот ПИК Сегед.
Во „Фленс Арена“ од следната сезона би требало да игра средниот бек на Нант, Ајмерик Мин.
Иако според „Фленсборг Авис“, во комбинација биле Томас Арнолдсен и Тобијас Грондал, сепак тие имаат активни договори.
Покрај нив и Мин има активен договор со Нант до 2026 година, но има во договорот и откупна клаузула, која Фленсбург е подготвен да ја плати.
Претходно Фленсбург го договори и одличното десно крило од Вецлар, словенечкиот репрезентативец Домен Новак.