Тимот на Чаир ќе има уште две засилувања во текот на новата сезона во Женската лига и на меѓународната сцена во Европскиот Куп.
Станува збор за левиот бек Теодора Гулицоска која се враќа во Чаир по една сезона во која играше за Металург Автокоманда и десниот бек Маја Каранфиловска.
Гулицоска наскоро ќе започне со тренинзите и би требало да биде подготвена за двомечот од Европскиот Куп против тимот на Керженг од Луксембург.
Битолчанката Каранфиловска, која своевремено играше за Пелистер и Металург, исто така ќе му помогне на Чаир во претстојните битки дома и во Европа.
Чаир стартуваше со убедлива победа во Женската лига против Стружанка со 36-16, a во второто коло му гостува на Ѓорче Петров 2.