Тимот на Цвикау, каде што игра македонската репрезентативка Симона Маџовска, имаше победнички старт на новата сезона во Бундес лигата.
Цвикау предводен од Маџовска и од Јапонката Накајава, славеше на домашен терен против составот на Блобмер со 27-21.
Македонската репрезентативка на овој натпревар успеа да постигне четири гола во мрежата на Бломберг од шест обиди.
Следен предизвик за Маџовска и Цвикау ќе биде гостувањето кај незгодниот Гепинген на 14 септември.