Започна новата сезона во Бундес лигата, а тимот на Кил со пораз во Манхајм кај Рајн Некар со 32-27 имаше лошо отворање.
Покрај триумфот на „лавовите“ над „зебрите“, овој натпревар го одбележа и црвениот картон на Патрик Винчек по 45 секунди игра.
Тој имаше „старт за во затвор“ над десниот бек Иван Мартиновиќ, па судиите веднаш му доделија црвен картон.
Сепак тоа не беше причина за хрватскиот репрезентативец да биде најдобар поединец на големото дерби.
Мартиновиќ постигна десет погодоци во мрежата на Кил и беше најзаслужен за големата победа на Рајн Некар Левен.
Does anyone know if Patrick Wiencek’s red card was the fastest ever into a season?
45 seconds into the new season he tried to decapitate Martinovic 😂 pic.twitter.com/wetuurgSHw
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) September 5, 2024