Со три натпревари стартуваше новата сезона во најквалитетната ракометна конкуренција во светот, Бундес лигата.
Гумерсбах, предводен од голманот Доминик Кузмановиќ со 19 одбрани славеше на гостински терен кај Хановер со 32-28.
Покрај Кузмановиќ, кој дебитираше во Бундес лигата, повратникот Кентан Мае додаде четири гола во триумфот на Гумерсбах, а левото крило од Црна Гора, Милош Вујовиќ, беше прв стрелец со осум погодоци.
Рајн Некар Левен славеше против Кил со 32-27, откако „зебрите“ на овој дуел настапија без повредените Билик, Скипаготу и Рајнкинд, а Винцек доби црвен картон уште во првата минута.
Во третиот меч од првото коло, Мелсунген немаше проблеми на гостувањето кај Лемго и славеше со 28-20.