Еден од најдобрите стрелци на Овче Поле од Свети Николе во прволигашката конкуренција, Димитрија Крстев, во претстојната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.
Македонецот ќе настапува во една од најракометните земји во светот, Унгарија, за тимот на Вецес.
Новиот клуб на Крстев игра во втората по ранг унгарска конкуренција каде играат вкупно 16 екипи.
Своето деби за Вецес, левиот бек би требало да го има претстојниот викенд и тоа на гостински терен кај составот на Веспрем 2.