Српскиот интернационалец Немања Гојковиќ се врати на местото од каде што дојде во тимот на Вардар.
31-годишниот среден бек кој не прикажа ништо особено во „црвено-црниот“ дрес потпиша договор на една сезона со израелскиот тим Бнеи Херцлија.
Гојковиќ играше таму три и пол сезони пред да дојде во Македонија, а сега одново ќе настапува во позната средина.
Српскиот плејмејкер во татковината ги носеше дресовите на Металопластика Шабац, Слога Пожега, Пролетер Зрењанин и Младост Чачак, а има настапувано и за германскиот нисколигаш Ашерслебен.