Иако лани во мај објави крај на играчката кариера, Французинката Александра Лакрабер му се врати на ракометот.
Некогашната ракометарка на Вардар ќе игра во иднина за данскиот второлигаш Рингстед и ќе се обиде да му помогне да стигне до елитната конкуренција.
37-годишната Лакрабер потекнува од Бегле, играше за Тулуз, Арвор, Мио Бигано, Ница, Флери Луар и Шамбре Турен во Франција.
Во странство играше за шпанската Бера Бера, руската Звезда Звенигород, во Вардар, каде мина две сезони, а објави крај на кариерата по кратката епизода во романскиот Рапид Букурешт, но по една година се враќа на терените.
Десниот бек има одиграно 256 натпревари за репрезентацијата и постигнато 833 погодоци.