Еден Дибиров премалку за Загреб, Ал Ахли стигна до трофејот во Добој

Египетскиот Ал Ахли го освои трофејот на ТВ Турнирот на шампионите во Добој, откако во финалето го совлада Загреб со 33-30.

Иако Загреб водеше со 18-17 на полувреме, сепак избраниците на Стефан Мадсен направија пресврт во вториот дел.

Ал Ахли имаше и плус шест во првиот дел, но Загреб успеа да се врати во игра предводен од Дибиров.

Беше 21-21, па 24-24, а потоа египетскиот првак поведе со плус два и до крајот не ја испушти предноста.

Тимур Дибиров беше најдобар поединец кај Загреб со девет погодоци, а исто толку постигна Абед за Ал Ахли, додека голманот Хамид запиша десет одбрани.