Македонската репрезентативка Сања Дабевска во новата сезона ќе игра во Романија, но има нов клуб.
Таа ќе настапува за тимот на Галаци, откако минатата сезона ја помина во составот на Униреа Слобозиа.
Дабевска претходно ги бранеше боите на Локомотива Загреб и ПАОК Солун, каде што освои шампионска титула, а со хрватскиот тим беше дел и од Лигата на шампионите.
Кружниот напаѓач во Македонија играше за Металург, Куманово и Пелистер, а беше дел и грчкиот Јонијас, романската Четате Дева и унгарскиот Дунајварош.