Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата Македонци, Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, го освои трофејот на „Купот на Кастиља и Леон“.
Во полуфиналето, Ваљадолид го победи Бургос со 28-26, а на овој меч Карапалевски стрелаше три пати, Димитриоски погоди еднаш.
Во финалниот натпревар, тимот предводен од Давид Писонеро триумфираше со еден гол против Виља Де Аранда, 33-32.
На овој дуел, средниот бек беше меѓу најдобрите поединци и постигна пет погодоци, додека левото крило беше реализатор на три гола.
Ова е добра најава за новата сезона на Ваљадолид во Асобал лигата која почнува на 13 септември со натпревар против Кангас на домашен терен.