Европската ракометна федерација заедно со ТВ куќите што ќе ги пренесуваат натпреварите, ги потврди термините и саатниците за натпреварите од групната фаза во Лигата на Европа.
Македонски претставник во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе биде тимот на Вардар, кој ќе се соочи со португалскиот Порто, како и победниците од двобоите Мелсунген/Елверум и Валур/Спачва Винковци.
Вардар три пати на домашен терен ќе игра во терминот од 20:45 часот, додека во истиот термин ќе игра и на гости кај Порто.
Натпреварите ќе стартуваат на 8 октомври, а „црвено-црните“ на стартот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат или исландскиот Валур или хрватската Спачва.
Дуелите со португалскиот Порто се на крајот на октомври, додека на крајот на групната фаза во Скопје ќе гостуваат или германскиот Мелсунген или норвешкиот Елверум.
Лига на Европа, распоред на натпревари:
1 коло, 08/10/2024, 20:45, Вардар – Валур/Спачва Винковци
2 коло, 15/10/2024, ???, Мелсунген/Елверум – Вардар
3 коло, 22/10/2024, 20:45, Вардар – Порто
4 коло, 30/10/2024, 20:45, Порто – Вардар
5 коло, 18/11/2024, ???, Валур/Спачва Винковци – Вардар
6 коло, 26/11/2024, 20:45, Вардар – Мелсунген/Елверум