Новиот тренер на Веспрем, Чави Пасквал, одлучи во претстојната сезона тимот да има четири капитени.
За секое натпреварување посебно Веспрем ќе има различен капитен – за унгарското првенство, Купот на Унгарија, Светско клупско првенство и Лигата на шампионите.
Лудовик Фабрегас ќе биде капитен на Веспрем за дуелите во Лигата на шампионите, додека Патрик Лигетвари ќе го води тимот на натпреварите од домашното првенство.
Гашпер Маргуч ќе биде капитен на дуелите од Купот на Унгарија, додека Недим Ремили ќе биде во главна улога на натпреварите од Светското клупско првенство.
Ова не е нова пракса во Унгарија, ист е случајот и во женскиот гигант Ѓер.