Тимот на Раховец, каде што тренер е Maкедонецот Горан Анодновски, запиша втора победа на пријателските натпревари.
Косовскиот шампион славеше во пресметката со локалниот ривал Вјоша со убедливи 19 погодоци разлика, 41-22.
Претходно Раховец го победи и Куманово на пријателскиот натпревар одигран во Македонија со 34-28.
Во Раховец освен Андоновски, има уште еден Македонец, а тоа е кружниот напаѓач Стефан Атанасовски.