Доминантно, без пораз и убедливо во финалето репрезентацијата на Данска по вторпат стана олимписки првак, триумфирајќи 39-26 (21-12) против Германија. По 2016 година, Данска пак го има златниот медал на градите, играјќи го своето трето финале по ред на ЛОИ:
Наместо интересен натпревар, Данска уште во првите 15-тина минути имаше „двојна“ проедност, а потоа и десет гола, правејќи го мечот резултатски неинтересен. Лауге, Гидсел и Питлик заедно постигнаа 12 гола (сите по 4), а Германија немаше одговор на брзата игра на противникот, нивната „стопостотна„ реализација. На дуга страна Германија имаше во овој период десет технички грешки што изгледаше како пресудно за конечниот тек на натпреварот.
Данска е првата репрезентација на ЛОИ што без пораз стигнува до златото, откако тоа им успеа на Хрватска во 2004 година. Од тогаш постојано во финалето имало по еден скандинавски тим, а само Данска успал да освои излато. За нив е ова трето олимписко одличје досега.
Голманот Никлас Ландин мечот го заврши со 14 одбрани, „излудувајќи“ го противникот. Германија веќе осумгодини нема победа против Данска на големо натпреварување. Второто полувреме беше уште поубедливо во корист на Данска која предноста ја „дигна„ на плус 15 гола, за водство 35-20 во 49 минута. Сите со нетрпение го чекаа крајот, и неизвесно беше само дали Данска до крај ќе „држи на гаста“ или ќе попушти.
Данска е ибедливо најпрецизната репрезентација на ОИ која на еден финален меч постигнала 39 голови, а нивниот дуел со Германија исто така влегува во историјата како најефикасно финале, со вкупно 65 голови.