Денеска продолжуваат возбудувањата на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри со четвртфиналните средби.
Шпанците имаат поискусен состав од Египет, но „фараоните“ покажаа дека можат и против најголемите репрезентации, а згора на се имаат шпански стратег кој добро ги познава слабите страни на „фуријата“.
Данска е фаворит во дуелот со Шведска, но на скандинавските двобои не победува секогаш таа селекција што е фаворит на хартија.
Французите по слабите партии во групите, полека фаќаат залет и ќе бидат на тежок испит со Германците.
Норвежаните одиграа во стилот топло-ладно, Словенија исто така, па можеби овој дуел ќе биде најнеизвесен од сите четвртфиналиња.
ДЕНЕСКА НА ОИ:
09:30 ШПАНИЈА – ЕГИПЕТ
13:30 ГЕРМАНИЈА – ФРАНЦИЈА
17:30 ДАНСКА – ШЕДСКА
21:30 НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА