Машката кадетска репрезентација на Македонија од утре го започнува настапот на Европското првенство во Црна Гора.
Со 17 ракометари, македонската експедиција денеска замина за Подгорица, каде од утре ќе има голем предизвик на континенталниот шампионат.
Прв ривал за избраниците на Наум Танески ќе биде селекцијата на Франција, а натпреварот ќе се игра во салата „Морача“ од 12:00 часот.
Во групата во која е Македонија, покрај Франција, се најдоа уште Германија и Полска, па нашите кадети ќе имаат тешка задача да се изборат за позитивен резултат.