ПАРИЗ 2024: Шпанија во четвртфинале – во последната секунда ја „реши“ Хрватска

Шпанија го доби трилер мечот кој беше “се или ништо“, победувајќи ја Хрватска со 32-31 (20-15), и во ТОП-8 продолжува Шпанија која си закажа дуел со Египет. Цел меч Шпанија имаше водство и заслужено продолжува на патот до медалите.

Драмата на дуелот ја реши Абело Гомез со погодок во последните секунди. Хрватска почна добро на мечот, но потоа серијата грешки беа казнети од Шпанија кој анаправи брзо водство од 8-4. Причина Дагур Сигурдсон да побара тајмаут и да побара нешто да се смени во играта. Хрватска полека, ја топеше предноста на ривалот и стигна до израмнување, 8-8.

И потоа пак Шпанците ги користеа своит ешанси, го имаа и Пеез де Варгас на голот и направија предност првпат од „плус 5“ за 17-12. Тоа беше период во која на Шпанија се и одеше во нападот, а на Хрватска ништо. „коцкестите“ дури примија и гол во последната секунда од полувремето и имаа негатива од 15-20 на полувреме.

Само што почна вториот дел Хрватска како да играше во транс и намали веднаш на 20-18. Пак беше во игра, резултатот од 1-2 гола им одеше во прилог бидејќи беа во игра. Шпанија ја контролираше играта и резултатот, па иако Хрватска се приближуваше, не паничеа. На средина од вториот ден имаа три гола предност.

Кога Шоштариќ намали на 26-25 во 48 минута од пенал беше најава за можна драма на средбата. Ама Перез де Варгас беше во елемент, па не дозволуваше ривалот да се доближи. Одбрани тешка топка, а Родригез во нападо зголеми на 28-25 во 51 минута. Ама не недостасуваше драма, зашто Хрватска пак се врати и намали на 28-27.

Иако Шпанија имаше предност од два гола пред самиот крај набрзина примија два гола, па има ауште 15 секунди за последен напад, што го реализираа за триумф.