Српскиот кружен напаѓач Никола Стефановиќ, во претстојната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој потпиша договор со словенечката екипа Рибница, каде што минатото лето замина уште еден екс член на Тиквеш, Јагош Брауновиќ.
Стефановиќ одигра три сезони во Кавадарци и остави одличен впечаток, но сега реши дека е време за нов исчекор во кариерата.
Тој почна со ракомет во Врбас, потоа играше за Раднички Крагујевац и Спартак Суботица, пред да замине во шведскиот Луги од каде што дојде во Кавадарци.