Тимот на ПАОК од Солун објави дека и следната сезона ќе смета на македонскиот голман Виктор Гигов, кој потпиша нов договор на една година.
Искусниот Гигов веќе четири сезони го брани голот на ПАОК, а очигледно во јужниот сосед се задоволни од неговите партии.
45-годишниот чувар на мрежата во својата кариера беше дел од македонските клубови Борец, Младост Богданци, Тедико и Југ Куманово.
На интернационално ниво настапуваше за ИБВ во Исланд, Цриквеница од Хрватска, три сезони во грчкиот суперлигаш Аполон, како и во тимот на Короса од Јужна Кореја.
Долго време беше и во шампионатот на Турција – дури девет сезони. Таму останува најдолго во својата кариера, од 2011 до 2020 година настапувајќи за Мерсин, Кајсери, Селкаспор и Анталијаспор.