Шпанскиот стратег Хуан Карлос Пастор и по Олимписките игри ќе остане селекторот на репрезентацијата на Египет.
Раководството на египетската федерација и Пастор се договорија да ја продолжат соработката за уште една сезона.
Пастор од лани ги води „фараоните“, откако цели десет сезони работеше во унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.
Беше предводник цели 18 сезони на Ваљадолид, а во тој мандат мина и четири години на клупата на Шпанија.
Египет на чело со Пастор стигна до титулата на Африканското првенство и обезбеди место на Олимписките игри.