Акснер одбра за Париз – Шведска со спој на младост и искуство оди на ОИ

Селекторот на женската репрезентација на Шведска, Томас Акснер, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за Олимписките игри во Париз.

Акснер има спој на младост и искуство во репрезентацијата, бидејќи тука се Јамина Робертс, Натали Хагман, Лин Блом, Јоана Бундсен…

На списокот од 14 ракометарки е и неговата ќерка, Тира Акснер, која во минатата сезона играше во одлична форма.

Меѓу трите резерви за настап на Олимписките игри се најдоа Џесика Риде, Лин Халсон и Оливија Лофквист.

Шведска ќе биде во групата А заедно со селекциите на Данска, Норвешка, Германија, Словенија и Кореја.