Машката младинска репрезентација денеска ќе го одигра последниот натпревар на младинското ЕП во Словенија.
Ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде селекцијата на Франција, а селекторот во составот реши да бидат стандардните 16 кои и досега беа дел од натпреварите.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра денеска од 14:20 часот во салата „Головец“ во Целје.
Судијки на овој натпревар ќе бидат Мериси и Пепе од Италија, додека делегати се Фернадез од Шпанија и Кацикис од Грција.