Селекторот на женската репрезентација на Данска, Јеспер Јенсен, ги избра 14 ракометарки што ќе играат на Олимписките игри.
Јенсен во Париз ќе ги носи искусните Тофт и Рајнхарт на голманската позиција, а од повредата се рехабилитира Катрин Хеиндл.
Данскиот селектор ризикува и во Париз ќе носи само по едно лево и десно крило, Трине Остергард и Ема Фрис.
Тука се бековите Мете Хансен, Хаугстед, Бургард, Јоргенсен…па Данска ќе има опасен состав на ОИ и од позадина ќе ја чека својата шанса за медал.
На пријателските средби пред ОИ, Данска еднаш славеше против Норвешка, а еднаш загуби убедливо.