Младинската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во Словенија.
Ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде селекцијата на Франција, со која веќе играа претходно во битката за пласман.
Французите тогаш победија со 25-18, иако Македонија беше рамноправен ривал во одреден дел од натпреварот.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра денеска во салата „Головец“ во Целје, со почеток во 14:20 часот.
Покрај овој дуел на ЕП има на програмата уште три дуели за пласман, мечот за третото место и големото финале меѓу Португалија и Шпанија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ХРВАТСКА – УНГАРИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 НОРВЕШКА – ИСЛАНД (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 АВСТРИЈА – ШВЕДСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
18:00 ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
20:30 ПОРТУГАЛИЈА – ШПАНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)