Хаос во српскиот ракомет – селекторот поднесе оставка среде Европско првенство!

Трет ден, трета оставка во српскиот ракомет. Откако претседателката Милена Делиќ најави заминување од фукнцијата, а по неа и претседателот на УО, Драган Буквиќ, на ред дојде и селекторот на младинската репрезентација, Ѓорѓе Теодоровиќ.

Тој поднесе оставка среде настапот на младинската репрезентација на Србија на Европското првенство во Словенија.

Во писмото до РСС, Теодоровиќ наведува дека заминува од функцијата поради морални причини.

Србите не ги остварија високите амбиции, играат за пласман од 13 до 16 место и досега запишаа само една победа над селекцијата на Грција.

Со Теодоровиќ заминува и Петар Жујовиќ, неговиот асистент, но двајцата ќе останат да ги водат младинците на Србија на двете преостанати средби од ЕП.