Митев имаше забележителна партија против Франција и стана МВП

Македонија загуби од Франција со 25-18 на шестиот натпревар на Европското првенство за младинци во Словенија.

Во вториот дел на мечот, шанса за настап доби левиот бек Дамјан Митев, кој внесе свежина во македонскиот напад.

Митев успеа да постигне три погодоци во француската мрежа и да подели неколку асистенции до соиграчите, па доби МВП признание.

Македонија вечерва ќе го дознае следниот ривал во битките за пласман од 9 до 12 место на ЕП.