Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, од ова лето се враќа во најсилната светска лига, Бундес лигата.
Тој ќе го брани голот на новиот бундеслигаш Потсдам, кој му посака добредојде во Германија на чуварот на мрежата.
Денеска е промоцијата на новите ракометари на Потсдам, а по медицинските прегледи, в четврток ќе стартуваат тренинзите за новата сезона.
Новиот тим на Томовски во последната недела од овој месец ќе замине на подготовки во Швајцарија, а неофицијалното деби на Томовски ќе биде против Кадетен на 27 јули.
Потоа следуваат уште пријателски натпревари со Фуксе Берлин, данскиот Силкеборг…додека првиот официјален дуел во новата сезона ќе биде на 23 август од Купот на Германија.