Данскиот стратег Стефан Мадсен од ова лето ќе има нов, малку поинаков предизвик од досегашниот во кариерата.
Тој потпиша договор со египетскиот Ал Ахли и доаѓа на местото на Давид Дејвис, кој се пресели во романскиот Динамо Букурешт.
Мадсен имаше уште една сезона договор со Алборг, но тој беше раскинат и на негово место данскиот тим го ангажираше Мајк Махулиа.
Под водство на Мадсен, Алборг два пати стигнуваше до финалето на Лигата на шампионите, во 2021 година и во 2024 година, и на два пати беше поразен од Барселона.