Узунчев го наполни црногорскиот гол и беше избран за МВП

Десниот бек Димитар Узунчев беше избран за најкорисен играч во македонската репрезентација по премиерниот натпревар на ЕП во Словенија.

Узунчев постигна осум погодоци од 11 обиди во триумфот над Црна Гора со 31-21 и заслужено го понесе епитетот МВП.

Младинците имаа победнички старт на континеналниот собир во словенечкиот град Целје и без особени проблеми ја надиграа Црна Гора.

Следен предизвик за избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде пресметката со првиот фаворит во групата, Хрватска, утре на пладне.

Победнички старт на ЕП: Македонија ја торпедираше Црна Гора!