Машката младинска репрезентација на Македонија денеска стартува на Европското првенство во Целје, Словенија со дуел против Црна Гора
Европската ракометна федерација ги објави составите на Македонија и Црна Гора за денешната пресметка.
Надвор од комбинација за Црногорците останаа десниот бек Кристијан Стаменковиќ и левиот бек Тодор Узунчев.
Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра во „Златорог Арена“ во Целје од 12:00 часот.
Судии ќе бидат Игор и Алексеј Ковалчук, додека делегати се Јанко Пожежник од Словенија и Пол Несе од Луксембург.