Првиот ривал на Македонија на Европското првенство во Словенија ќе биде селекцијата на Црна Гора.
Селекторот Драшко Мрваљевиќ откри дека неговата репрезентација се соочува со големи проблеми пред настапот.
„Конкуренција е голема како никогаш. Ова е прилика нашите ракометари да покажат квалитет и да му дадат одговор на стручниот штаб колку можат да сметаат на нив во иднина. На пријателските средби со Израел и Словенија, се повредија Филип Бозовиќ и Семир Фека, а претходно и Мојаш Николиќ. Но тука не е крајот на проблемите. Еден од најважните играчи во ротацијата, Игор Мрваљевиќ на последниот тренинг доживеа повреда на рамото и неизвесен е за настап. Имаме само еден пивот, но ќе се бориме со тоа што го имаме. Хрватска е фаворит во групата, но Австрија и Македонија имаат свој квалитет, па не чекаат тешки дуели“, вели Мрваљевиќ.
Македонија и Црна Гора ќе играат на отворањето на Европското првенство, утре со почеток во 12:00 часот.