Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман, го објави скратениот список за Олимписките игри во Париз.
Резерви во словенечкиот состав ќе бидат левиот бек Ник Хенигман, голманот Урх Кастелиц и пивотот Кристијан Хоржен.
Од поширокиот список отпаднаа средните бекови Митја Јанц и Тилен Стрмљан, како и десниот бек Тадеј Кљун.
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе има свој претставник на Олимписките игри, откако во составот од 14 ракометари се најде десниот бек Нејц Цехте.
Словенците одиграа пријателски натпревар против Египет, кој заврши реми 27-27, а до настапот на ОИ ги чекаат уште две средби со Унгарија и Франција.