Блесок на Шоштариќ – Хрватска лесно го реши Египет, Шпанија убедлива против „гаучосите“

Селекциите што ќе играат на Олимписките игри продолжуваат со пријателските натпервари пред настапот во Париз.

Хрватите имаа успешна проверка против Египет и славеа со 36-29, откако и на полувремето водеа со 18-14.

Блескаше Марио Шоштариќ со осум голови од осум обиди, а по пет постигнаа Иван Мартиновиќ и Марин Јелиниќ. Кај Египет се истакнаа Сеиф Елдера и Омар Јахја со по пет голови.

Женската селекција на Франција и се реваншираше на Норвешка за првиот убедлив пораз и славеа со 26-19.

Шпанија по убедливиот триумф во првиот меч против Аргентина, славеше уште еднаш против јужноамериканскиот ривал со 40-29.